Ниту 54 поени на Харден не беа доволни Хјустон да го избегне поразот од Вашингтон
Ефикасна вечер во НБА лигата имаше Џејмс Харден кој постигна 54 поени на гостувањето кај Вашингтон, но на крајот и тоа се покажа недоволно за неговиот тим Хјустон да остане непоразен. Вашингтон го доби натпреварот со 134:131 по продолжение, откако по 48.минути резултатот беше нерешен 125:125.