Батлер пред трансфер во Филаделфија 76-ерс
Се чини дека сагата со еден од најдобрите НБА играчи – Џими Батлер, конечно е завршена. Дваесет и девет-годишниот бек шутер, кој може да игра и како лесно крило, ќе премине во тимот на Филаделфија Севентисиксерс, објавија различни влијателни извори, поврзани со НБА.