Реал Мадрид го освои шпанското дерби во третиот круг на Евролигата
Шампионот на Евролигата од минатата сезона, Реал Мадрид ја победи Баскија со 97:79 во шпанското дерби во третиот круг на турнирот. Домаќините стигнаа до убедлив успех по силната последна четвртина. Серхио Љул одигра силен меч за Реал и постигна 23 поени. Руди Фернандез додаде 14 поени. За Баскија, Марселињо Версас заврши со 14 поени.