Наваро низ солзи се збогуваше со Барселона
Хуан Карлос Наваро официјално стави крај на неговата импресивна кариера. По објавувањето на веста пред неколку недели, сега „Ла Бомба“ се збогува со матичниот клуб на специјална церемонија, на која присуствуваа бројни негови поранешни тренери и соиграчи и на која од каталонскиот клуб ги извадија од музејот буквално сите трофеи, освоени од Шпанецот со „црвено-синиот“ дрес.