Наваро стави крај на кариерата
Легендарниот кошаркар на Барселона, Хуан Карлос Наваро, одлучи да ја заврши својата кариера, објавија на веб-страницата на каталонскиот клуб. Оттаму велат дека 38-годишниот играч , кој со тимот освои 35 трофеи, ќе биде вклучен во активностите на клубот како функционер во наредниот период.