Бостон добива големо засилување во финалето: Порзингис најави враќање
Кошаркарите на Бостон, условно кажано, се прошетаа до финалето на НБА лигата каде против Далас ќе се борат за титулата, а пред мечот со Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг ќе бидат побогати за присуството на Кристапс Порзингис.