Војдан Стојановски потпиша за германски Олденбург
Репрезентативецот на Македонија, Војдан Стојановски потпиша договор со германскиот прволигаш Олденбург, соопштија официјално од клубот. За нашиот кошаркар првенството е познато, бидејќи од 2013 до 2015-та година настапуваше во дресот на Алба, со кого го освои Купот на Германија.