Баварците се задоволни од работата на Радоњиќ кој за само два месеца успеа да му ја донесе на Баерн шампионската титула, но исто така обезбеди место и во Евролигата.
НБА ѕвездата Леброн Џејмс кариерата ќе ја продолжи во Лос Анџелес Лејкерс, објавија американските медиуми. За четиригодишен договор со „езерџиите“ сега веќе поранешниот кошаркар на Кливленд ќе добие 154 милиони долари.
Центарот на Денвер, Никола Јокиќ ќе потпише нов договор со клубот, објавија американските медиуми.
Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, Леброн Џејмс, го известил Кливленд кавалирс дека ја одбива понудата од 35,6 милиони долари, колку што беше предвидено да заработи следната сезона.
Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер ги прифатил условите за нов договор со актуелниот НБА шампион, објави „ЕСПН“.
Плејмејкерот Крис Пол нема да го напушти Хјустон Рокетс, објавија американските медиуми. „Ракетите" и 33-годишниот плејмејкер се блиску до договор за сите детали. Останува странките да се согласат само за времетраењето на соработката.
Македонија и покрај поразот остана првопласирана во групата и обезбеди пласман во втората рунда од претквалификациите, закажана за септември.
Македонската кошаркарска репрезентација претрпе пораз од Швајцарија со 85:79 на гостувањето во Фрибург на последниот натпревар од претквалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2021 година.
Македонската кошаркарска репрезентацијата до 20 години од Тиват ќе се врати со два пораза, откако денес загуби и од домаќинот на овој мини турнир - Црна Гора.
Македонската кошаркарска репрезентација вечерва гостува во Фрибург каде против Швајцарија ќе го одигра последниот дуел од претквалификациите за Евробаскет 2021.