Баскет Кам ги обедини трите круни
Тимот од Македонска каменица синоќа во Скопје, во третиот натпревар од финалната серија на плејофот, уште еднаш го победи Вардар, овој пат со 77:74. По двете победи на свој терен, кошаркарките кои ги предводи Жаклина Стојановска, во СРЦ „Кале“ ставија печат на титулата.