Трипл-дабл на Трајковски за прва победа на Феникс годинава
Поранешниот македонски репрезентативец Бојан Трајковски е најзаслужниот за триумфот на Феникс над Академија ФМП на средбата одиграна синоќа во СЦ „ Јане Сандански“ во Скопје. Трајковски натпреварот го заврши со 19 поени, 11 асистенции и 10 скока, доволно за индекс 33.