Лејкерси се првиот тим сезонава со помалку од 15% за тројка и повеќе од 20 загубени топки
Леброн Џејмс натпреварот го заврши со 12 поени, со шут од поле 6 од 18, вклучувајќи 0 од 6 за тројка. Тој имаше и 9 асистенции, 6 скока и 2 загубени топки. Ентони Дејвис постигна 29 поени (10 од 17 од поле), 17 скока, 6 асистенции, 5 блокирани шутеви, 3 украдени топки и 5 загубени топки.