Плејмејкерот на Далас маверикс, Кајри Ирвинг потпиша 5-годишен договор со кинескиот производител на спортска опрема АНТА, информира инсајдерот на „Атлетик“, Шамс Чаранија.
Тренерот на Филаделфија, Ник Нурс, изјави дека центарот на Црвена ѕвезда, Филип Петрушев, кој настапува за Филаделфија во летната лига, ќе остане во тимот и во претстојната сезона.
Македонската машка кошаркарска репрезентација до 20 години е на чекор од пласман во четвртфиналето на Европското првенство во Б дивизијата кое се одржува во Скопје, откако вечерва ја совлада Бугарија со 83-54 во рамки на групата А.
Комесарот на НБА, Адам Силвер, за време на говорот во Лас Вегас потврди дека лигата сериозно ќе размисли за проширување во следните неколку години.
Генералниот директор на Портланд сините Џо Кронин го коментираше потенцијалниот трејд на тимскиот лидер Демијан Лилард.
Капитенот на Партизан, Кевин Пантер објасни зошто не ја цени идејата за воведување плејин турнир во Евролигата.
Легендарниот кошаркарски тренер Грег Попович во 74-тата година од животот го продолжи договорот со Сан Антонио и како што соопшти денеска НБА лигашот ќе го предводи тимот и во следните пет години.
Соединетите Американски Држави ќе настапат на претстојното Светско првенство без суперѕвездите од НБА лигата, што стана јасно откако селекторот, тренер на Голден Стејт, Стив Кер, денеска го објави списокот со 12 кошаркари.
На Европското првенство ќе настапат 19 репрезентации, а македонските кошаркари се дел од групата А во која покрај Чешка за противници ги имаат и селекциите на Словачка, Бугарија и Република Ирска.
Првиот НБА турнир во новата сезона ќе заврши со полуфинале и финале во Лас Вегас, јави денеска телевизијата ЕСПН.