Вардар и поразен во Битола чекор поблиску до шампионската титула
Ракометарите на Вардар 1961 вечерва во Битола загубија од Еурофарм Пелистер со 29:25 (13:12), но и покрај првиот овосезонски пораз во домашното првенство актуелниот првак е на чекор до одбрана на титулата, откако ја зачува предноста од плус осум голови (35:27) од првата меѓусебна пресметка пред два месеци во Скопје.