Поради новите рестриктивни мерки во Германија, Вардарци останаа заглавени во Порто
Поради проблеми со летот на релација Порто – Франкфурт, поврзани со анти-Ковид-19 правилата на германските власти, ракометарите на Вардар 1961 останаа во Португалија и ги пропуштија врзаните конекции до Белград и Скопје за враќање дома по вчерашниот дуел во Лигата на шампиони.