Парондо: На Мешков му требаше победа, ние не одигравме како што требаше
По поразот од Мешков со 32-30 вечерва во СЕХА лигата, тренерот на Вардар, Роберто Парондо изјави дека тешко е да се одиграат два натпревари со ист ритам и приод, како што беше случај против Монпелје, но и дека поразот не е многу значаен, со оглед на веќе обезбедениот пласман во „Фајнал фор“ турнирот на регионалното натпреварување.