Раул: Се уште имаме шанси да се пласираме во втората фаза
Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез не беше расположен по убедливиот пораз од Хрватска во третото коло од Светското првенство со 31-22. Шпанецот изјави дека Хрватите одиграле одличен натпревар, а го пофали и голманот Шего, кој на крајот заврши со 12 одбрани.