Карабатиќ се приклучува на францускиот национален тим
Најдобриот ракометар на светот се враќа на Светското првенство во францускиот национален тим и покрај повредата. Никола Карабатиќ од 2006 година ги предводеше „триколорите“ до четири светски, три европски, две олимписки злата. Франција едвај го совлада Бразил синоќа со 24:22 во првиот меч на Светското првенство, по што не задоцнија критиките од јавноста и навивачите.