Почнува 26. Светско првенство во ракомет, прв пат во историјата домаќини две држави
Со натпреварот Германија – Кореја (18:15 часот) денеска во Берлин ќе стартува 26-от ракометен Мундијал. Домаќини се Германија и Данска. Натпреварите ќе се играат во шест градови, Минхен, Берлин, Келн, Хамбург (Германија) и Копенхаген и Хернинг (Данска).