Репрезентативците со прв собир, Лазаров не брза со прогнози за претстојнот СП
Македонските ракометни репрезентативци денеска го направија првиот собир во хотелот „Александар Палас“ со што го означија официјално почетокот на подготовките за Светското првенство, кое ќе се одржи во јануари 2019-та во Германија и Данска. Македонската репрезентација подготовките ќе ги оддржи во Скопје, а на 4 и 5 јануари ќе одигра две контролни средби против репрезентацијата на Србија.