Симовски го скрати списокот за претстојните квалификации
Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентција на Македонија, Симе Симовски, го објави конечниот список на повикани ракометарки за собир за претстојните квалификациски натпревари (прва фаза) за обезбедување пласман за бараж натпреварите за СП 2019, кое ќе се игра во Јапонија, против репрезентациите на Азербејџан, Турција и Исланд.