Ди-џеј и богата програма во фан зоната на Вардар пред мечот со Барселона
Вардар во недела ја пречекува големата Барселона во натпревар од 7.коло од ракометната Лига на шампиони. Двата тима имаат по десет бода на врвот на групата „А“, но поради подобрата гол-разлика, Kаталонците го заземаат првото место, па во недела од 17.00 часот не очекува вистинско ракометно дерби.