Патуваа илјадници километри за да добијат автограми од Вардар
По натпреварот меѓу Вардар и Мешков, во низата фанови кои ги чекаат своите херои да излезат од соблекувалните отскокнуваат двајца средовечни мажи. Двајца пријатели, Словаци, едниот од Жилина, а другиот од Прешов, двајцата со исто име Михал, а ги врзува спортот, поточно ракометот.