Под засилени безбедносни мерки утрешниот ракометен натпревар Грција – Македонија во Кожани
Само со покани и акредитации ќе биде дозволен влез во спортската сала во Кожани, за безбедно одржување на утрешниот ракометен натпревар меѓу репрезентациите на Грција и Македонија во квалификациите за Европското првенство 2020, а полицијата ќе преземе засилени безбедносни мерки за заштита на екипите, судиите и публиката, но и за да се избегнат било какви инциденти.