Натпреварот на Металург со Татран Прешов ќе има хуманитарен карактер
Средбата од седмото коло на СЕХА-лигата против екипата на Татран Прешов, која в сабота ќе се одигра во ВИП Арената СЦ “Борис Трајковски“, ќе има и хуманитарен карактер. Имено, парите од влезниците ќе бидат донирани за лекувањето на малата Дарија, која поради предвременото породување е во критична состојба и е задржана во единствената приватна клиника која нуди стручна нега за нејзиното закрепнување, објави клубот од Автокоманда.