Доброгеа Суд - прв финалист на Струшкиот ракометен турнир
Романската екипа Доброгеа Суд, предводена од поранешниот селектор на Македонската ракометна репрезентација Ѕвонко Шундовски, е прв финалист на Меѓународниот ракометен турнир во Струга, откако утрово го декласира домаќинот. Убедливо со 37:19 (18:5) ја победи екипата на Струга и обезбеди место во финалето на турнирот.