Раул: Сите се убедени дека ќе се пласираме на СП, но мора да одиграме добро во реваншот
Селекторот на Македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалес пред реванш-дуелот со Романија за пласман на СП 2019, повика на максимална внимателност и предупреди дека Македонија мора да одигра уште еден одличен натпревар, доколку сака да се пласира на Мундијалот во Германија и Данска.