Европа гласаше: Лука Циндриќ е играч на годината
Во конкуренција од 8 ракометари, Циндриќ доби најмногу гласови од ракометни фанови - 6,731. Според ЕХВ во изборот на најдобри ракометар и ракометарка учествувале околу 40 илјади лица, од кои околу 15 илјади се вклучија во изборот на машките играчи.