Продолжува „црвено-црната“ доминација во СЕХА лигата
За ракометарите на Вардар продолжува серија на триумфи во регионалната СЕХА Газпром лига каде ја оствари осмата победа сезонава, 30-21 кај Нексе во Нашице, Хрватска. За „црвено-црните" продолжува серијата од 14 победи по ред во СЕХА лигата, и 19 меча по ред без пораз.