Продолжува вардаровата победничка серија: Падна и Загреб во ЛШ
Европскиот првак Вардар конечно успеа да триумфира во Загреб на дуелите против ППД Загреб, победувајќи со 29-23 (15-10) во меч од 7. коло на групната фаза од лигата на шампионите. Ова е наш прв триумф на теренот на хрватскиот првак, а шести сезонава, за 51 триумф воопшто во ЛШ.