Раководството на РФМ ѝ го честита пласманот на ЕП на женската сениорска репрезентација
Раководството на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), денеска оствари средба со ракометарките и стручниот штаб на женскиот сениорски национален тим, честитајќи им го пласманот на Европското првенство кое во декември ќе се одржи во Австрија, Швајцарија и Унгарија.