Лига Европа: Еурофарм Пелистер директно во групната фаза
Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер во новата сезона во ракометната Лига Европа ќе настапува директно во групната фаза, додека преостанатите два претставници Еурофарм Пелистер 2 и Бутел, ќе стартуваат во квалификациите, одлучи Европската ракометна федерација (ЕХФ).