Првиот секс е баш како и првиот бакнеж – многу открива за потенцијалниот партнер, па во физичката интимност многу луѓе се впуштаат со доза на страв.

А бидејќи сексот е многу важен дел од врската, многу жени стравуваат дека нешто нема да испадне како што треба, па поради тоа се вкочанети, пасивни и очекуваат мажите сè да направат.

Познатата терапевтка Трејси Кокс ги открива дека машките желби за првиот секс. Откријте што сакаат:

Да бидете активни

Не мора да изведувате егзебиции, но едноставно не оставајте ги сите движења и потези во негови раце.

Да не се грижите за своето тело

Криењето под чаршаф или гаснењето на светлото може да создаде непријатна атмосфера. Исто така, ако се грижите за целулитот или за несовршено издепилираните нозе, нема да можете да уживате потполно.

Да не му замерувате за неговите „промашувања“

Првиот секс може да биде доста интензивно и страстно искуство, но мажот исто така може да попушти поради товарот на очекувањата сè да испадне сјајно. Поради тоа потребно е да го разберете и да не му замерувате за непријатностите кои може да се му се случат поради недостаток на ерекција или предвремена ејакулација. Најдобро е во ваква ситуација да се поставите како ништо сериозно да не се случило, а тоа ќе му даде до знаете дека сте отворени, искрени и комуникативни, па следниот пат ќе биде поопуштен.

Да му дадете до знаење дека уживате

Жените можат да одглумат оргазам и тоа мажот многу добро го знае. Најдобро е да го заштитите од самите себеси и да не глумите дека уживате, освен ако е тоа навистина така.


Администратор
10/07/2017 00:18