Просечната жена до 30 години веројатно променила неколку сексуални партнери, испробала различни техники и веројатно е дека знае што сака во кревет. Освен тоа, истражувањата го кажуваат своето.

Ако во дваесетите години секоја девојка застанува пред огледало и постојано коментира што мани има и како треба да ги промени, жената со 30 години веќе си ги знае своите квалитети, размислува трезвено и помалку се мачи со физичките недостатоци.

Тоа значи е порелаксирана а тоа подразбира дека ќе има безгрижен секс.

На 30 години жената веќе се чувствува сексуално доволно привлечна а тоа влијае и на нејзиното интимно самозадоволство. На тие години не и е непријатно да зборува оворено за своите секс фантазии и може да каже се што и одговара или не и се допаѓа.

На 20 - тина години девојките се привлечени од физичкиот изглед, а потоа од зрелоста на човекот, неговата успешност и посветеност на животот.

Сето ова е логично, така што јасно е зошто девојките во третата декада повеќе уживаат во сексот.


Администратор
14/08/2017 00:22