Охридска банка Сосиете Женерал ги повикува сите млади со претприемачки дух и креативност да аплицираат со нова и реално остварлива бизнис-идеја на конкурсот „Чиста 10-ка“
Проектот, како што информираат од банката, почнува денеска, а има за цел да даде важен придонес кон заедницата.
Проектот „Чиста 10-ка“ е наменет за сите студенти и млади државјани на Република Македонија на возраст од 18 до 35 години, кои имаат претприемачки дух, креативен пристап и желба да аплицираат со своја нова и остварлива бизнис-идеја. Сите заинтересирани можат да учествуваат во „Чиста 10-ка“ индивидуално или во тим со максимум 4 учесници.
Аплицирањето се врши онлајн, на веб-страницата www.cista10.mk, во делот Аплицирај, каде што треба да се пополнат неколку групи прашања на англиски јазик кои, всушност, ќе ја презентираат структурата на самата бизнис-идеја.
Конкурсот „Чиста 10-ка“ е отворен за апликации до 22 октомври 2017, 23.59 ч.
Најдобрата бизнис-идеја ќе биде наградена од страна на Охридска банка Сосиете Женерал со износ до 10.000 евра.