Комедијата „Кец на десетка“ на авторот Митко Бојаџиски и во колективна режија вечер премиерно ќе биде изведена во Македонскиот народен театар.

Во претставата играат Александар Миќиќ, Тања Кочовска, Нина Деан и Ивица Димитријевиќ.

– Сите актери се фантастични и со сигурност тврдам дека имаме хит, рече на прес-конференција по повод новата премиера в.д. директорот на МНТ Драган Спасов-Дац.

Потенцира дека режијата е колективна бидејќи сите биле вклучени во неа, во создавањето на претставата и играта.