Владата на Република Македонија на синоќешната 43-седница усвои одлука со која автомобилот марка „Мерцедес“ во вредност од околу 600 илјади евра, кој беше во сопственост на Министерството за внатрешни работи, ќе биде ставено на продажба, а средствата ќе бидат наменети за набавка на болничка опрема. Мерцедесот се спомнуваше и во т.н „бомби“ , а СЈО отвори и посебен случај наречен „Тенк“.

Во овој случај осомничени се две лица кои се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување во периодот од февруари до октомври 2012 година, а за да ја исполнат желбата на тогашниот премиер Никола Груевски за набавка на специјално возило.