Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар ќе остане до крајот на годината во редовите на Сантос, каде ја започна својата богата кариера, објави денеска бразилскиот клуб.

„Сантос не е само мој тим, туку е и мој дом, моите корени, мојата историја и мојот живот се тука“, изјави 33-годишниот Нејмар за веб-страницата на клубот по продолжувањето на договорот.

„Ова е историски и значаен ден за бразилскиот фудбал, подарок за навивачите на Сантос. Нашиот идол, нашето момче, принцот кој го носи нашиот дрес со број 10, останува“, рече претседателот на клубот, Марсело Тешеира.

Нејмар се врати во Сантос на почетокот на годината од саудискиот Ал Хилал, а претходно играше за Барселона и ПСЖ.