Крилниот напаѓач на Барселона, Ансу Фати (22), ќе ги напушти редовите на шпанскиот првак и ќе ја продолжи кариерата во Монако, објавија денеска локалните медиуми.
Се очекува Фати в четврток да ги мине задолжителните лекарски прегледи и да потпише договор со францускиот клуб.
Фати во првата сезона би настапувал како позајмен фудбалер, а Монако ќе може да го откупи неговиот договор за сума од 11 милиони евра.
Фати зад себе имаше разочарувачка сезона во која одигра само 11 натпревари без да постигне гол.
Младиот играч, кој е роден во Гвинеја Бисао, дебитираше за Барселона на 16 години и 298 дена и оттогаш за каталонскиот клуб одигра 123 натпревари и постига 23 голови.