Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, при денешната посета на СВР-Скопје изјави дека за новогодишната ноќ имало 9 пријави за кривични дела и осум прекршочни дела со што констатирано е дека во споредба со 2016-та година криминалитетот за време на прославувањето на Новата година е намален.

Исто така истакна дека на овогодинешните прослави била намалена употребата на пиротехнички средства.

Изминатата година за разлика од оваа имало многу повеќе пријави за кривични и прекршочни дела, односно 37 кривични и десет прекршочни.

Министерот Спасовски им посака на сите граѓани среќна нова година и рече дека во оваа година лично тој како министер ќе се залага за одржување на мирот и стабилноста во државата.

Спасовски нагласи дека ќе се погрижи полицијата да добие подобри услови за работа.

Деветте кривични дела се засноваат на тешки кражби, неколку разбојништва и еден случај каде е нападнат полициски службеник.