Актерот Владо Јовановски, Горан Ѓошевски од обезбедувањето на Трајко Вељаноски, Оливер Поповски од шестата управа и Мунир Пепиќ барале јавни седници на кои Апелациониот суд ќе ги разгледува нивните жалби за продолжувањето на притворот поради сомненија за инволвираност во настаните од 27 април.

Како што потврдуваат од Апелациониот суд, до нив се пристигнати осум жалби кои се испратени на одговор до Вишото јавно обвинителство. Откако ќе се комплетираат жалбите ќе бидат закажани и јавните седници, додаваат од Апелација.

Рокот за поднесување на жалбите се уште тече, бидејќи дел од адвокатите на осомничените на кои им беше продолжен притворот се уште ги немаа добиено решенијата од Кривичниот суд.