На Бадник според традицијата, семејството се собира на посна вечера, со желби за многу здравје, среќа и бериќет. Специфичната традиција за македонската прослава на Бадник е во секоја куќа да се меси лепче, пита или погача во која се става паричка.

Христијанските верници што се раководат според Јулијанскиот календар се подготвуваат за Бадник, ден пред големиот празник- Божик, Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божикните пости.

На Бадник според традицијата, семејството се собира на посна вечера, со желби за многу здравје, среќа и бериќет. Специфичната традиција за македонската прослава на Бадник е во секоја куќа да се меси лепче, пита или погача во која се става паричка.

Се верува дека оној што ќе ја најде ќе се смета за најсреќен во годината што претстои.

Бадник традиционално ќе биде одбележан со собир пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Рано изутрина, пак, рождеството Христово ќе го најават децата коледарчиња.