Советот на судии во Солун, денеска одлучи, Никола Бошковски и Горан Грујевски да бидат екстрадирани во Македонија.
Според солунскиот портал Вориа, јавува дописникот на МИА од Атина, веднаш по објавувањето на пресудата, двајцата обвинети, поднеле жалба против одлуката на судот, за случајот да го разглед Врховниот суд во Атина.
И соопштувањето на одлуката, исто како и сослушувањето беше зад затворени врати.