Новата рунда разговори за решавање на спорот за името ќе се одржи на 17 јануари во Њујорк, потврдија од МНР за МИА.
Предвидено е медијаторот на ОН Метју Нимиц да се сретне со преговарачите од Македонија и од Грција, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис. Последната рунда разговори за името, по тригодишен застој, се одржа во Брисел на 11-ти и 12- ти минатиот месец.
Тогаш беше најавено дека медијаторот Нимиц секој месец ќе одржува средби со преговарачите, со цел да се најде решение.
Новата рунда разговори доаѓа во период на интензивирани активности и оптимизам во Скопје, Атина, Брисел и Вашингтон, за конечно затворање на дводеценискиот спор за името.