По повод трет ден Божик, поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, богослужеше златоустова литургија во цркавата Света Петка во скопската населба Црниче.

Денеска е трет ден Божик. Се празнува светиот архиѓакон и првомаченик Стефан. Тој е првиот што настрадал за христовата вера. Се верува дека се грижел за сиромасите, за болните, старите. Бил каменуван зашто проповедал дека во Исус не веруваат само лошите луѓе.

По повод трет ден Божик, поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, богослужеше златоустова литургија во цркавата Света Петка во скопската населба Црниче.

Попладнево, пак, архиепископот Стефан во неговата резиденција го приреди традиционалниот божикен ручек за државниот врв. Присуствуваа премиерот Заев и спикерот Џафери. Иако поканет, претседателот на Македонија Ѓорге Иванов не присуствуваше на божикниот ручек поради неодложни обврски.

Во придружба на г.г. Стефан на свечениот ручек присуствуваа и митрополитите Тимотеј и Климент.