Претседателот Ѓорге Иванов уште вчера го добил указот за Законот за употреба на јазиците, но не се знае дали ќе го потпише или ќе го искористи правото на вето. Од неговиот кабинет велат дека тој одлуката ќе ја донесе согласно законски предвидениот рок.

Доколку претседателот не го потпише указот, законот ќе се врати во собраниска процедура и пратениците ќе треба повторно да го разгледуваат и да гласаат за него. Разгледувањето ќе биде во фаза на трето читање во рок од 30 дена од денот на негово донесување