Во Вилата Водно е во тек средба со претседателот Иванов. Претходно разговараше со министерот за надворешни работи Димитров, а напладне ќе се обрати во Собранието.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги почна средбите со државниот врв. Во Вилата Водно е во тек средба со претседателот Иванов. Претходно разговараше со министерот за надворешни работи Димитров, а напладне ќе се обрати во Собранието.
Во салата ќе бидат и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Одлуката била донесена за да се покаже дека партијата е определена за членство на Македонија во НАТО и во ЕУ.
Попладне Столтенберг ќе има средба со премиерот Заев и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Мицкоски и Ахмети.
При последната средба со македонскиот премиер во седиштето на Алијансата во Брисел, генералниот секретар изјави дека вратата на НАТО останува отворена и дека ја поддржува Македонија на патот за членство во сојузот.