Францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние признава дека не успеал до крај да го разбере законот за употреба на јазиците, неодамна усвоен во Парламентот , затоа што е сложен, не само според содржината туку и во однос на последиците.

Но, сепак остава простор за подобрувања во самиот текст. Тимоние нагласува дека законот не треба да стане причина за меѓуетнички раздор.

„Да бидам целосно искрен, ќе ви кажам дека постои простор за подобрување во самиот текст и тоа е возможно затоа што станува збор за разговори, ова е процес којшто сè уште не е завршен и не би сакал да се изјаснувам. Потоа ќе следи процесот на спроведување. Не треба тоа да стане причина за меѓуетнички раздор и мислам дека по реакциите од албанската заедница и другите заедници забележувам дека и покрај критиките, волјата да се живее заедно и да се напредува кон ЕУ се многу понапред од овој закон којшто е многу сложен и најверојатно има важно симболично значење за албанската етничка заедница и ќе треба да се земе предвид“, вели Тимоние.