„Возило со болно дете се пробива низ Клиничкиот центар. NO COMMENT. Не казнени поени, за овие поголема казна треба“ – гласи коментарот на видеото објавено на социјалните мрежи на кое може да се види целата мизерија на македонското општество во неколку минути.
Снимката која е објавена на Фејсбук е направена во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Возило на Брзата помош кое превезува болно дете од Клиниката за детски болести, а не може да се пробие поради автомобилите кои го блокирале влезот и излезот од клиниката.
И покрај неколкукратните обиди на докторката да воведе ред, повикувајќи ги сопствениците на возилата да ги преместат, но и сирените со кои возачот се обидуваше да ги вразуми себичните возачи, сепак мизеријата на свеста и себичноста надвладеа пред чувството за одговорност.