Повеќе од четири часа државно- политичкиот врв вечерва ги разгледува предлозите на медијаторот на ОН Метју Нимиц изнесени во иницијалната рамка за решавање на разликите околу името меѓу Македонија и Грција.

Состанокот се одржува на иницијатива на Министерството за надворешни работи во клубот на пратениците, а на него присутвуваат премиарот Зоран Заев, министерот за надвортешни работи Никола Димитров, министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Присутни се и претседателот Ѓорге Иванов, лидерот на ДУИ Али Ахмети кој е во придружба на Хазби Лика и Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на состанокот е во придружба на Александар Николовски и Владо Мисајловски.

Државно-политичкиот врв прави обид за усогласување на позицијата во процесот на решавање на спорот со Грција.