Петчасовната координативна средба на државнно-политичкиот врв е оценета како информативен и конструктивен состанок за предлозите на медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц за решавање на спорот.

Средбата се одржа вечерва во Клубот на пратеници, а на иницијатива на Министерството за надворешни работи, а учествуваа претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, претседателот на ВМРО­Д-ПМНЕ Христијан Мицкоски и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Никој од учесниците не сакаше да изнесе детали за предлотот на Нимиц, за тоа дали е прифатлив и дали постои усогласенот меѓу политичките субјекти. Најавија уште вакви средби за координирање на ставовите за решавање на спорот со името.